Wednesday, September 17, 2008

Macedonian translation


Најдобрите гради на Запад


Интернационалната програма за писатели во Ајова ни ја покажа Америка од разни, неочекувани агли. Ко онаа реклама во Универзитетскиот гласник за 'Ноќен танчерски клуб', кадешто покрај вообичаеното стадо од четиринаест стриптизерки, новата стриптиз-танчерка Кенди Еплс го промовира своето шоу наречено 'Најдобрите гради на Запад'. Па, ако сметаме дека нашата судбина е да ги видиме пирамидите или да се запознаеме со папата во животот, тогаш најдобрите гради на Запад изгледаат еднакво важни. И така, заедно со моите колеги, појдовме да ја видиме претставата.

Главната просторија на Танчерскиот клуб е поставена така што не може да се превиди танцувањето - раисон д'етре на местото. Во средината е, со подиум и сребрен столб околу кој танцуваат стриптизерките.

Кенди Еплс, sвездтата на вечерта, не беше висока, но беше совршено градена. И како sвезда, го носеше најубавиот костум за свлекување. Иако нејзината танчерска точка беше кратка, подиумот беше опколен со гости. За разлика од другите девојки, таа беше нешто посебно. Наместо едноставно да ги собира банкнотите и да си ги вденува во врвките, таа ги земаше со рака, ги превиткуваше и ги поставуваше на носот на гостинот. Потем ќе ги кренеше со стисок на градите. Ефикасно, елегантно, брзо.

Морам да признаам дека не можев да и' одолеам на можноста најубавите гради на Западот да ми зграпчат банкнота од моето носиште. Беше тоа едно вредно животно искуство - ко мајка да ве гушка, со нешто големо, меко и миризливо што ви се турка во очите. Веднаш потоа сте посиромашен за банкнота, но побогат со искуство.

По претствата Кенди продаваше свои слики. Не бев нешто многу заинтересиран за ова, но сакав да знам повеќе за неа. Еден писател мора да прибира материјал.

И' се претставив и Кенди беше многу љубезна. Но, се загледа во мојата визит карта некое време. И одеднаш извика: 'Словакија! Ние сме од скоро иста земја. Се викам Халина и по потекло сум од Украина.'

Па, тоа е вистината, пријатели. Најдобрите гради на Запад всушност се од Исток.

(Macedonian translation by Ana Pejcinova)

No comments: